Четворица повредени во земјотрес на Сицилија

Земјотрес со јачина од 4,9 степени по Рихтеровата скала синоќа го погоди италијанскиот остров Сицилија. Повредени се четири лица кои не се наоѓаат во животна опасност, а причинета е материјална штета. Неколку куќи во провинцијата Катанија биле делумно разурнати, а поради оштетување на асфалтот затворен e автопатот кој ги поврзува градовите Катанија и Месин.
Епицентарот на земјотресот се наоѓал 170 километри источно од градот Палермо, на длабочина од два километра под површина на земјата, соопшти Европско-Средоземноморскиот сеизмолошки центар.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.