Како што информира МВР четири лица се приведени по инцидент кој настанал во автобус на ЈСП.
Вчера во околу 19:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во автобус, кој сообраќал од Транспортен центар кон населба Ченто, бил нарушен јавниот ред и мир.
Во пријавата се вели дека неколку лица упатувале навреди кон А.П.(17), В.М.(16) и Ф.К.(17), сите од Скопје, по што физички ги нападнале А.П. и В.М. Околу 20:30 часот, по преземени мерки биле приведени Р. А.(21), Е.А.(15), Ф.Б.(14) и Б.Р.(15), сите од Скопје. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.