Четворица повредени ќе бидат префрлени од Скопје во Атина

По доаѓањето во Атина вечерва, четворица повредени од пожарот во Кочани ќе бидат префрлени со грчкиот воен авион Ц-27. Според изворите на МИА, овие лица имаат изгореници и ќе бидат примени на лекување во воена болница во Атина. Леталото замина од Атина во 22:30 часот по локално време кон Скопје и по преземањето на повредените ќе се врати на аеродромот во грчкиот главен град. На истиот начин, синоќа беа транспортирани тројца повредени, кои сега се сместени во Општата воена болница 401 и се во задоволителна здравствена состојба. Овие млади лица, на возраст од 22 до 24 години, исто така, добиле изгореници во пожарот. Со пристигнувањето на новите пациенти во текот на ноќта, вкупниот број на хоспитализирани во Грција ќе достигне 12, со петмина во Солун (од кои тројца во болницата Папаниколау и двајца во воената болница 424) и седумина во воените болници во Атина.
The post Четворица повредени ќе бидат префрлени од Скопје во Атина appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: