Тешката сообраќајна несреќа која пред една седмица се случи кај Лесковац кога од коловозот излета автобус со патници од Македонија и се преврте ја зеде и четвртата жртва. Тоа е македонската државјанка С.Т. која беше тешко повредена и по денови борба за живот почина синоќа во Клиничкиот центар во Ниш.
С.Т. имала скршеници на карличните коски кои довеле до руптура на бешиката, поради што и беше оперирана во Клиничкиот центар во Ниш. Со уште една патничка била приклучена на апарати за дишење, но сериозноста на повредите, сепак, си го земаа својот данок.