Четврта жртва од македонскиот автобус кој се преврте кај Лесковац

Тешката сообраќајна несреќа која пред една седмица се случи кај Лесковац кога од коловозот излета автобус со патници од Македонија и се преврте ја зеде и четвртата жртва. Тоа е македонската државјанка С.Т. која беше тешко повредена  и по денови борба за живот почина синоќа во Клиничкиот центар во Ниш.
С.Т. имала скршеници на карличните коски кои довеле до руптура на бешиката, поради што и беше оперирана во Клиничкиот центар во Ниш. Со уште една патничка била приклучена на апарати за дишење, но сериозноста на повредите, сепак, си го земаа својот данок.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.