Четврти ден по ред, Хрватска руши рекорди на Балканот на нови пациенти од коронавиру

Во изминатите 24 часа значително се зголеми бројот на пациенти на Балканот. Четврти ден по ред, Хрватска има рекорден број нови случаи на коронавирус.

Хрватска

Четврти ден по ред, Хрватска има рекорден број нови случаи на коронавирус,  306 новоинфицирани од 2.574 тестирани се регистрирани во последните 24 часа.

Едно лице починало. Во моментов има 2.052 активни случаи, објави Националниот штаб за цивилна заштита.

Босна и Херцеговина

Во БиХ , потврдени се 318 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, врз основа на 1.590 тестирани примероци, а шест лица починаа.

Словенија

Во Словенија, потврдени се 43 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, што е ист број како во средата, кога е забележан најголем дневен број на ново заразени во последните четири месеци.

Србија

Во последните 24 часа, во Србија се регистрирани уште 170 случаи . Тестирани се вкупно 8.670 лица.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.