„Разбуди се“, „Не за промена, на знаме и химна“, беа само некои од паролите со кои и денеска граѓани на Штип ја поддржаа иницијативата „За заедничка Македонија“. Маршот почна од Соборниот храм „Свети Никола“, а продолжи низ централното градско подрачјеПензионерката Бранка Митева рече дека е против воведување двојазичност и редифинирање на државата. – Дојдена сум овде со моите колешки од Здружението на пензионери да му порачаме на нашиот македонски народ да биде сплотен, да биде заедно и против оваа платформа која е направена во друга држава. Ние сме против двојазичност, сакаме Македонија да ни биде наша земја, истакна Митева.
Герасим Трајчов додаде дека ги поддржува протестите зашто е против разнебитувањето на земјата. – Нашето име, јазик, знаме и химна се најсветите нешта. Македонија е библиска земја и не може некој да си игра со неа, со нашиот народ. Затоа треба сите цврсто да застанеме и да не дозволиме некој друг да ни се меша, рече Трајчов.Пензионерката Бранка Митева рече дека е против воведување двојазичност и редифинирање на државата. – Дојдена сум овде со моите колешки о