Четири грешки со кои ја уништувате самодовербата на детето

Познат психолог еднаш рекол – секогаш кога сте во можност, прегрнете го вашето дете. Не сте свесни за тоа колку бргу поминува времето. Ќе ви биде жал што не сте го искористиле секој слободен момент за да бидете со него.
Детето треба да се сака, а не да се казнува за секоја ситница. Родителите често прават грешки, а не се свесни за тоа. Воспитувањето е тешка улога. Сето она со што се соочуваат децата остава последици на нивното ментално здравје.
На овие начини им предизвикувате штета. Не сте свесни дека ги повредувате кога:

Не се трудите да ги разберете
Иако нивните идеи понекогаш се невозможни, а нивните проблеми не се толку големи како што им се чинат, потрудете се да ги сослушате и да им дадете некој совет. Колку и да се минимални тие проблеми, на нив не им изгледаат така. Обидете се да им го објасните тоа и да им покажете дека сте тука за нив.
Го споредувате со други деца
Децата не сакаат споредби. Научете го вашето дете дека е единствено и дека не треба да се натпреварува со други луѓе. Доколку неговиот пријател од училиште добил 5, а вашето дете добило 3, не правете му да се чувствува лошо поради тоа. Докажано е дека децата коишто се изложени на постојани критики израснуваат во многу несигурни луѓе.
Кога го игнорирте
Доколку вашето дете постојано ви поставува прашања, обидете се да го сослушате и да му дадете одговор на секое од нив, во спротивно ќе создадете личност која ќе се плаши за себе и ќе се плаши да ги оствари сопствените цели
Кога постојано го критикувате
Детето мора да знае кој е авторитетот, но доколку постојано го критикувате и го кревате тонот, ќе се плаши да направи грешка. Грешките се составен дел од животот и секој треба да помине низ тоа. Со овој начин на воспитување создавате личност со ниска самодоверба која ќе се бори со тоа целиот живот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.