Четири деца заразени со морбили се во критична состојба, три од нив се на лекување на Инфективна, а едно на Детска клиника.
Меѓу пациентите на Клиниката за инфективни болести има и детенце со церебрална парализа и епилепсија, кај кого вирусот предизвикал сериозни компликации.
Иако комисијата за заразни болести вчера препорача имунизација со МРП вакцина за сите бебиња над шестмесечна возраст, денес во пунктовите не ја спроведуваат мерката бидејќи ја чекаат писмената одлуката од Министерството за здравство.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.