Четири метри долгиот питон тргна по девојчето, таа го погледнала и погалила

Целиот свет е во неверување откако на интернет се појави видео на кое што се гледа како девојче си игра со четири метри долг питон.


Ед Такоа на Фејсбук објави неколку снимки од својата 5-годишна ќерка како си игра со питоните Сони и Шер. На една од снимките може да се види огромниот жолт питон како си игра со девојчето кое што го гали.

„Горд сум на нив“, напиша Ед во описот на видеото, по што следуваа бројни коментари од типот „Дали си ти нормален?“, „Она кога твојот татко е идиот“ и слично. Сепак, има и луѓе кои што застанаа на страната на таткото затоа што сметаат дека пријателството помеѓу девојчето и питонот е „неверојатно и прекрасно“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.