Четири навики на луѓето во среќни врски

Во една здрава емотивна романтична врска луѓето често изразуваат љубов, поддршка и разбирање, без никакво воздржување. Не чекаат посебна прилика да покажат колку им значи другиот и го охрабруваат таквото однесување.
Експертите за врски укажуваат на одредено однесување, односно навики, што се карактеристични и заеднички за луѓето кои се во среќни врски.
Покажуваат дека навистина се грижат за партнерот
Без разлика дали се работи за разговор во живо, телефонски повик или СМС порака, овие луѓе имаат навика да ги прашаат партнерите како им тече денот, како поминале по пат, што се случило на состанокот на работа… Овие, навидум, ситници го зголемуваат нивото на доверба и блискост меѓу партнерите. Исто така, кога во животот ќе се соочат со поголем проблем или грижа, овие луѓе нема да се воздржат тоа да го покажат бидејќи веќе имаат изградено систем на комуникација со партнерот.


Делат комплименти
Од заблагодарување за завршена најмала обврска, до пофалба за изгледот, трудот околу домот или децата, работен успех, остварена цел, комплиментите не се реткост кај среќните двојки. Луѓето во среќна врска си делат комплименти меѓу себе и јавно се гордеат со своите партнери пред другите, без да прават драма од тоа.
Отворено зборуваат за своите мисли и чувства
Првата навика што ја спомнавме до некаде произлегува од оваа. Отворената комуникација е основа за секоја здрава и среќна врска. Овие луѓе не се воздржуваат да ги споделат и најмалата загриженост и најмрачната мисла со својот партнер, а тоа само ја продлабочува онаа доверба за која зборувавме претходно. Тие не сметаат дека искреноста ќе ја разниша нивната врска, туку дека напротив, ќе ја зацврсти, и во право се.
Тие волшебни зборови – Те сакам
Да, делата вредат повеќе од зборови, но сите сакаме повремено да ги слушнеме тие волшебни зборови „те сакам“. Во повеќето врски, обично едниот партнер почесто кажува „те сакам“ од другиот. Среќните врски не се исклучок, тоа едноставно е „правило на љубовта“. Сепак, луѓето во среќни врски почесто си кажуваат и покажуваат дека се сакаат бидејќи знаат колку е потребна оваа позитивна афирмација.
Тие исто така внимаваат да не претераат и да не премине изразувањето љубов во некаква патетична излитена фраза. Може да се рече дека овие партнери имаат развиено совршен тајминг за кажување „те сакам“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.