Четири последователни земјотреси повторно го тресат тлото во Грција

Земјотрес со јачина од 4,6 степени денеска повторно ја погоди Грција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Според најновите податоци, земјотресот бил со јачина од 4,6 степени и бил регистриран во 04:20 часот по UTC, со епицентар на околу 14 километри северозападно од Јањина и на длабочина од околу 10 километри.

Во истиот поширок регион кај Јањина и Родотопи во изминатите денови беа регистрирани и други потреси, меѓу нив 4,1 степени на 4 април, 3,4 степени на 5 април и 3,5 степени на 4 април, што укажува на засилена сеизмичка активност во Епир.

Очевидци на страницата на EMSC опишале дека земјотресот бил силен и долготраен, а засега нема информации за повредени лица или за поголема материјална штета.
The post Четири последователни земјотреси повторно го тресат тлото во Грција appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: