Четири причини зошто не сме среќни

Среќата е сложена тема. Додека одредени луѓе успеваат да бидат среќни дури и во тешки услови, други пак изгледа дека се несреќни и покрај сѐ што имаат. Зошто е тоа така?
Одлучуваме да бидеме несреќни
Иако звучи многу неверојатно, голем дел од луѓето се вовлекуваат себеси во самосожалување и борба за внимание од другите луѓе, не правејќи никаков мал обид да ја доближат среќата до себеси. Веројатно секој од нас околу себе има личност која гледа негативно на сите случувања. За таквите луѓе е многу тешко да бидат среќни, бидејќи тие имаат песимистички и негативен поглед на животот. Дури и во ситуации кога среќата се појавува во нивниот живот, тие не уживаат во неа, непрепознавајќи ја бидејќи се затворени во својата негативност.
Се соочуваме со услови кои влијаат на нашата среќа


Некои луѓе и покрај тоа што го имаат одлучуваат да бидат несреќни. Но, постојат и луѓе кои се соочуваат со услови и ситуации кои негативно влијаат на нивната среќа. Тоа што е важно е дека ваквите ситуации не траат долго и потребно е трпение за среќата.
Минуваме низ период на промени и предизвици
Ваквите ситуации се чести по завршување на одреден важен период од животот – завршување на факултет, раскинување на врска или пак напуштање на работата. Тоа се ситуации во кои исто така е потребно трпение, бидејќи потребно е балансирање на нашите емоции, но и нештата во животот пред да се вратат нештата во нивниот нормален тек.
Не преземаме ништо за да бидеме среќни
Уште една дополнителна причина поради која не можеме да бидеме среќни е тоа што многу често дозволуваме да се оставиме себеси во состојба во која не правиме никаков обид за да преземеме нешто за да бидеме среќни. Тоа се луѓе кои можеби не одлучиле да бидат среќни или несреќни, туку едноставно ја посакуваат среќата, а не преземаат чекори за да ја приближат до себе.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.