Иако голем број жени мислат дека мажите ќе ги освојат со црвен кармин, за нив природниот изглед е секогаш поатрактивен.
Резултатите од едно спроведено истражување покажале дека кај дури 57 проценти од мажите црвениот кармин не привлекува внимание, додека 82% изјавиле дека повеќе им се допаѓаат природни фризури и пуштена коса.
1.Одберете црвен фустан наместо црвен кармин
Одлучете се за бојата на страста во гардероберот, наместо на усните. Доколку изберете црвен фустан за состанокот ќе оставите впечаток на личност со самодоверба. Мажите сакаат да видат бои на жената, особено силните бои стимулираат визуелно и ментално.
2.Пуштете ја косата наместо да ја врзете
Иако понекогаш е полесно косата да ја врзете бидејќи едноставно не сте задоволни со нејзиниот изглед, мажите сепак сакаат кога кај жената ќе ја видат косата пуштена.
3.Одберете „nude“ шминка
66 проценти од мажите ја сметаат својата девојка за поатрактивна кога има„nude“ шминка. Најголем дел од мажите го преферираат природниот изглед, па наместо црвениот кармин и темните тонови, изберете сјај или „nude“ кармин и минимална шминка на лицето.
4.Модерната облека заменете ја со класична
Перфектниот изглед, како да сте се симнале од модна писта, кај мажите не поминува баш најдобро. Истражувањето покажало дека повеќе им се допаѓа класичниот изглед. За нив жената е најпривлечна во фармерки и маичка.