Четири типа на мажи кои никогаш нема да се сменат

Обично се вели дека жените сакаат да ги сменат мажите, а мажите очекуваат дека жената никогаш нема да се смени. Реалноста е всушност дека сите се менуваме и се прилагодуваме на средината и условите, особено во врските, ако сакаме нештата да функционираат.
Овие четири типа на мажи никогаш нема да отстапат од нивните навики и речиси никогаш нема да направат промена, барем не на овие најизразени карактеристики.
Не се ни обидувајте да ги промените, само ќе изгубите време и нерви. Или прифатете ги со сите нивни маани и доблести.
Нарцис
Постојано зборува за себе, премногу води грижа за својот изглед и се стреми кон тоа да изгради само површни нешта, за изглед, а не за углед. Не сака обврски бидејќи е премногу опседнат со себе. Знае да биде премногу критичен за физичкиот изглед на другите и да ѝ префрла на партнерката за тоа како изгледа.


Петар Пан
Некои мажи не се ни обидуваат да прикријат колку се детинести. Сепак животните фази поминуваат и кога-тогаш треба да се биде сериозен и одговорен. Но, тоа не го очекувајте од овие мажи. Тие го имаат комплексот Петар Пан – никогаш нема да созреат, ни да преземат одговорност. Колку и да е добро да го задржиме детето во себе, кај овие мажи детето само е во тело на возрасен маж. Нема да семени.
Вечен тинејџер
На овие мажи паметот им е само во секс. Нивното мото е „земи колку што можеш“, па помислата да бидат само со една личност ги ужаснува. За него квантитетот е пред квалитетот. Можеби е разбирливо во тинејџерските години да се биде љубопитен за сексот бидејќи тогаш се открива тоа поглавје од животот, но од возрасниот маж се очекува ниво на зрелост кога е во прашање сексот. Може да се смири на одреден период, но тоа нема да трае долго.
Воркохолик
Целото време го поминува на работа, а често ја носи и работата дома. Мисли и зборува само за работата и за заработување пари. Речиси и нема време да мисли на врска, а и ако успее да стапи во врска или брак, за кратко време се враќа на неговата најголема љубов – работата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.