Со цел ефикасно да ги отстраните дамките од кафе, не треба веднаш да прибегнувате кон хемиски средства.
Овие трикови се многу едноставни и ќе ви заштедат и време и пари.
Извалканиот дел потопете го во ладно млеко и оставете го да отстои неколку минути. После тоа измијте го со сапун.
Ефикасна е и мешавината од глицерин и една жолчка од јајце. Едноставно со неа истријте го местото извалкано со кафе, а потоа исплакнете сè со млака вода.
Наједноставниот трик што го имаме за вас вклучува само кисела вода, а најдобро е да се примени додека дамката е сѐ уште влажна. Исплакнете ја дамката со кисела вода и брзо ќе исчезне.
Ефикасна е и мешавината од алкохол и оцет. Втријте ја на местото каде што се истурило кафето, оставете да отстои малку, а потоа исплакнете со ладна вода.