Четири часа разговор помеѓу Путин и специјалниот пратеник на Трамп, од Кремљ велат: „Средбата беше продуктивна“

Стив Виткоф, специјален пратеник на Доналд Трамп, се сретна во Санкт Петербург со претседателот на Русија, Владимир Путин. Трамп претходно го повика лидерот на Русија „да оди“ кон прекин на оганот во Украина.

Од Кремљ соопштија дека средбата траела четири часа и била фокусирана и продуктивна.

Трамп изрази фрустрација кон Путин во врска со преговорите, и со прекршување на договорот за нападите на критичната инфраструктура.

„Русија мора да се придвижи. Премногу луѓе умираат, илјадници, во бесмислена војна“, напиша Трамп на социјалните мрежи.

Пронајдете не на следниве мрежи: