Во Чешка, во последните 24 часа се регистрирани 3.130 нови случаи на коронавирус, што е најголем број на нови случаи за еден ден од почетокот на пандемијата, соопшти денеска чешкото Министерство за здравство.
Тоа е исто така најголем број на нови пациенти за еден ден во Европа, пренесува Ројтерс.
Како што е наведено, тоа е за 1.000 повеќе од претходниот ден, кога биле евидентирани 2.137 случаи.
Во Чешка, каде што живеат 10,7 милиони луѓе, од почетокот на пандемијата во март годинава, регистрирани се 44.155 случаи на вирус ковид-19.
Пронајдете не на следниве мрежи: