Чешкиот премиер Андреј Бабиш во посета на нашата земја

Делегација на Чешката Република предводена од премиерот Андреј Бабиш денес престојува во официјална посета на нашата земја. Претпладнево чешката делегација со високи државни почести беше пречекана пред платото на Владата. Во Владата во тек е среба на чешкиот премиер со неговиот домаќин, премиерот Зоран Заев.
Предвидено е Бабиш да има средби и со шефот на државава Стево Пендаровски, со претседателот на Собранието, Талат Џафери, со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и со министерот за економија Крешник Бектеши.
Пред доаѓањето во Скопје, Бабиш најави дека ќе искаже поддршка од Чешката Република за евроинтеграцијата на Република Северна Македонија.
Со своите домаќини ќе разговара за билатералната соработка и за актуелните случувања на Балканот, во Европа и во светот. Разговорите ќе бидат фокусирани и на можностите за чешки инвестиции во земјава.
Во попладневните часови чешкиот премиер Бабиш заедно со вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе го посетат граничниот премин Богородица.
Чешка испраќа свој полициски контингент на јужната граница од Републикава од февруари 2016 година за спречување на мигрансткиот бран. Досега низ чешкиот контингент во земјава минале над 1.000 полицајци.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.

mk_MK
mk_MK