Чизкејк со смокви

Потребни состојки:
За подлога
175 г бисквити
90 г путер
Пире од смокви
250 г свежи смокви
50 г шеќер
50 мл вода
1 ванилин шеќер
1 лажичка желатин
Крем сирење
400 г крем сирење
300 г слатка павлака
Ванилин шеќер
Декорација
Смокви


Начин на подготовка:
Измелете ги бисквитите и промешајте ги со растопениот путер. Додајте ја смесата во калапот за торта и ставете ја во фрижидер.
Потоа измијте ги смоквите, исечкајте ги на парчиња и промешајте ги со шеќер, ванилин шеќер и вода. Варете ги да омекнат околу 10 минути и изгмечете ги за да добиете повеќе сок.
Подгответе го желатинот според упатството за употреба. Откако ќе се растопи, промешајте го со пирето од смокви.
Крем сирењето промешајте го со ванилин шеќер и слатка павлака и мешајте додека да добиете густ крем. Сипете го пирето и мешајте. Врз подлогата од бисквити прелијте го кремот и оставете да се лади најмалку 6 часа.
Извадете ја тортата од калапот и украсете ја со свежи смокви.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.