Чипс од цвекло

Чипсот што ќе го купите не е здрав, тоа е јасно, но ако толку многу го сакате, пробајте малку поздрава верзија.
„Чипсот од цвекло брзо се прави и не чини многу, ние во хотелот го правиме за вечера, како додаток на месо, сирење и свежи салати. Го сакаат и децата и возрасните“, објасни Немања Цековиќ, готвач во хотелот „Стара Планина“.


Ова е неговиот рецепт:
Излупете килограм свежо цвекло, добро исушете го и исечете го многу тенко, слично како чипсот од компири.
„Тоа најлесно се постигнува ако користите ренде, а не нож“, советува Цековиќ и додава дека чипсот може да се направи и од целер.
„Најдобро е кога ќе измешате едно со друго. Исечените ливчиња од цвеклото и целерот ставете ги во врелото масло за пржење, можете и во фритеза ако ја имате и пржете подолго отколку што би го пржете компирот, околу 20 минути. Не ви треба ништо од зачини освен малку сол“, вели готвачот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.