Членовите на ДИК пријавија дека не се чуствуваат сигурни – тврдат дека трпат закани од преставници на техничката влада

Од изборната комисија реагираат дека се понижувани, навредувани, изложени на неосновани и непримерени политички притисоци и закани со кривична одговорност !

Вака се чувствуваат претседателот на ДИК Александар Даштевски и 5 члена на Комисијата – освен потпретседателката Дитмире Шеху.

Загрижени се дека е можно нападите, прозивките и навредите да преминат во лични напади на нивната сигурност.

Велат дека нивната загриженост е продуцирана од изјави на партии и од високи владини функционери во врска со постапувањето по приговорите.

ДИК уверува дека изборите се спроведени професионално и транспарентно, а по приговорите постапувала со највисок степен на интегритет и со проверка на изборниот материјал.

За сите недопуштени напади, притисоци и мешање на одредени партии и на поединци од техничката Влада, членовите на ДИК ја известиле амбасадорката на набљудувачката мисија на ОБСЕ-ОДИХР, Џилијан Стрик.

Вчера, техничкиот премиер Талат Џафери обвини за изборен инженеринг со договор и надгласување во ДИК, за да се прифатат некои приговори и да се изменат изборните резултати.

Пред Џафери, слични ставови искажаа министерот Бујар Османи и други партиски функционери на ДУИ.

Извор: Телма ТВ

Пронајдете не на следниве мрежи: