Членови на раководството на Мицковски обвинуваат за удбашки протести. Стигнаа жестоки одговори.

Еве еден од одговорите кој стигна по повод обвинувањата на тесното раководство на Мицковски на социјалните мрежи дека протестите на Македонците за зачувување на името биле удбашки. Наместо да ги бранат Македонците од тепање и да го поддржат барањето за зачувување на името членовите на раководството на Мицковски се занимаваат со сплетки и обвинувања.
МАКЕДОНСКИТЕ ПРОТЕСТИ БИЛЕ УДБАШКИ??
Од кујната на партијата се пуштаат постови, дека протестите биле удбашки а народот бил наивен.
ВМРО ДПМНЕ има историска, морална должност и обврска, поради самопрогласувањето на 10. конгрес како единствена наследничка на историската сенародна македонска организација ВМРО да безусловно застане простум и го одбрани името, идентитетот и јазикот, значи универзалните елементарни права, кои ни припаѓаат со победата над фашизмот и се загарантирани со Резолуцијата од 1948 година и со сите други меѓународни акти. БЕЗУСЛОВНО!!! А не амортизирање на народот, самоорганизирани народни протести да ги именуваш удбашки овој момент, кога народот се бори за своето ПРАВО НА ПОСТОЕЊЕТО е неприфатливо и недопустливо! Такво етикетирање овој момент, не е ништо друго до провидна манипулација, замолкнување и амортизација на македонскиот народ и оди во корист исклучиво на капитулантите и калето.
Ако не сакате народни протести, тогаш повелете СПРЕЧЕТЕ ГО СРАМНИОТ РЕФЕРЕНДУМ НА ГРАЃАНИ, кој патем е дисркиминаторски до сите Македонци во светот и во соседните држави!!!! . Еве до каде не доведе 27 годишна верба во вас и десетогодишна подршка за да владеете, не само на социалните мрежи ами и на терен. Ние не сме слепи знаеме кој е главниот капитулант ама знаеме и кој недејствуваше и недејствува против тој истиот капитулант…Демократски во собранието може да се решава со умни луѓе а не со безумни на кои им успеаа да се нелегитмно на власт, токму поради вашето попуштање, недејствување а не поради нас, народот. И вие власта си ја дадовте иако имавте пред себе уште 2 години мандат а не народот. ОТКАЖЕТЕ СЕ ОД РЕФЕРЕНДУМОТ веднаш, доколку сакате народот да е со вас инаку ви предстои деценијска опозиција а не победа а позицијата нема ни да примириса праг на собранието. . Време е прво вие да покажете и докажете да сте со народот а не народот со вас, народот 27 години ви докажуваше, 11 години без прекин ве гласаше на власт а со што му враќате? Со дрн дрн јариња…излитени јалови фрази, предизборна кампања НАМЕСТО БЕЗУСЛОВЕН ОТПОР… Кога ќе сте победеле ?? Па така и бабите наши знаат од позиција на победник да решаваат, ама вие ниту од позиција на победник не решивте во 10 годишно владеење а можевте 100 пати да го решите наметнатиот спор во ООН. Сега е на потез МАКЕДОНСКИОТ НАРОД со вас или без вас, тој ако ништо друго барем нема срамно со наведната глава по линија на никаков отпор да се предаде.  СЕМАКЕДОНСКИ НЕПОКОР !!!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.