Членство на Македонија во ЕУ без право на глас! Силјановска: Ќе го кажам своето мислење кога предлогот ќе ми дојде на маса

Претседателката на земјата, Гордана Силјановска-Давкова, денес потврди дека е запознаена и со идеите дискутирани во Брисел за рано пристапување на Украина во Европската унија (ЕУ), заедно со Црна Гора, Албанија и Северна Македонија, но без право на глас, кои неодамна беа откриени во телевизиско интервју од премиерот Христијан Мицкоски.

Но, како што вели таа, не може да коментира за нив сè додека не дојдат на маса како официјален предлог. Во овој контекст, таа се осврна на моменталниот начин на кој се донесуваат важни одлуки во Европската Унија, што е со консензус, бидејќи земјите-членки имаат право на вето.

„Да, ги слушнав, ги видов, не само од високи политичари на Европската Унија, туку и од претставници на разни експертски групи. Актуелната ситуација е дека, според актите на Европската Унија, членовите имаат и статус, имаат право на вето, важните одлуки се донесуваат со консензус, па кога таков предлог е на маса, слушам само дека има, но кога ќе има предлог, тогаш ќе размислам за него или ќе одговорам на него“, рече претседателката, одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со нејзиниот албански колега Бајрам Бегај, кој е во официјална посета на земјата.

Според неа, по она што земјата го направи за европската интеграција, заслужува да биде вклучена во групата земји со кои ќе се водат разговори за сегашниот начин на влез во Европската Унија или можеби за некои модалитети за членство.

„Потоа секако ќе го анализираме предлогот, бидејќи не е многу сериозно да кажам што мислам така. Сакам да видам за што станува збор, што значи, што можеме да очекуваме, а потоа ќе ви одговорам“, додаде Силјановска-Давкова.
The post Членство на Македонија во ЕУ без право на глас! Силјановска: Ќе го кажам своето мислење кога предлогот ќе ми дојде на маса appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: