Движењата, изразите на лицето, гестовите и држењето на телото сочинуваат меѓу 65 и 90 проценти од вкупната комуникација и досега се веруваше дека ние, луѓето, сме мајстори на овој „занает“. Сепак, се чини дека овој тип на комуникација не е единствен за нас и дека шимпанзата се исто толку вешти (ако не и поумешни) од луѓето кога „разговараат“ меѓу себе.„Разговор со раце“ е формиран многу пред да се појават припадниците на човечкиот вид во светот. Доказ за тоа е фактот дека овој универзален јазик е разбирлив за апсолутно сите: припадниците на сите народи, но и – шимпанзата. И тоа не на оние кои живеат во зоолошките градини низ светот, туку и на оние кои живеат во слобода, во области каде човекот никогаш не стапнал.Шимпанзата користат повеќе од 8.000 гестовиСтруктурата на комуникацијата меѓу луѓето и шимпанзата е апсолутно идентична, покажаа неодамнешните истражувања на научниците. Дури и начинот на кој размислуваме, во блокови или сегменти, е ист како кај членовите на овој животински вид. Точно, ние сме научени на комуникациски вештини уште од мали нозе. А шимпанзата? Тоа им е вродено.Со цел истражувањето да биде што е можно потемелно и да даде што е можно пореални резултати, научниците навлегле длабоко во дивината и поставиле специјални скриени камери кои нон-стоп ги снимале животните. По собирањето на снимките, откриено е дека шимпанзата користат дури 8.500 различни гестови во комуникацијата и дека многу од нив се многу слични на нашите.Има многу повеќе сличности меѓу луѓето и шимпанзата отколку што мислевмеКога некој предолго се обидува да ни објасни нешто, ние инстинктивно се обидуваме да го прекинеме, давајќи му до знаење дека нашата мисла е јасна и дека нема потреба од дополнително објаснување. Обично тоа го правиме со зборови или гестови. Статистиката вели дека паузата помеѓу репликите на двајца соговорници не е поголема од 0,2 секунди.Така и шимпанзата! Додека едната ги врти рацете обидувајќи се да му ја објасни својата мисла на другата, таа веќе по неколку минути (а понекогаш дури и секунди) покажува со посебен гест дека разбира што е идејата. Гестот е ист како кај нас луѓето – „мутање“ на приказната со раката во воздух. Интересно е што дури и времето на реакција е исто како кај луѓето: 0,2 секунди!Емпатија и други емоции„Видовме како шимпанзо се приближи и побара храна. Во исто време, другата, која очигледно не сакаше да го подели оброкот, замавна со раката, јасно кажувајќи дека нема што да бара овде. Потоа се приближи трето шимпанзо и додаде малку храна на гладниот припадник од својот вид“, вели водечкиот автор на истражувањето, д-р Гал Бахиди, во интервју за Карент Бајолоџи.Ова не е единствениот пример за изразување на емоции во комуникацијата меѓу шимпанзата. Истражувачите објавија и видео на кое се гледа како пар се обидува да се помири по расправија. Мажјакот ја подава раката на женката покажувајќи и ја својата љубов и барајќи од неа да престане да се лути, а таа како да „напорно се пазари“ – го игнорира и го тера уште повеќе да се труди.
Пронајдете не на следниве мрежи: