Потребни состојки:
-250 г брашно-200 г шеќер
-250 мл млеко
-1 поголемо јајце
-80 мл масло
-2 пакувања ванилин шеќер
-половина пакување прашок за пециво
-половина лажичка сода бикарбона
-3 лажици какао
-150 г чоколадо за готвење или темно чоколадо
-150 до 200 г вишни
Начин на подготовка:
Брашното, шеќерот, ванилин шеќерот, прашокот за пециво, какаото и сода бикарбоната измешајте ги добро во еден сад, а млекото, маслото и јајцето во друг сад.
Со миксер добро соединете ги состојките, па додадете го чоколадото искршено на коцки и вишните.
Смесата ставете ја во хартиени корпи за мафини, но не ги полнете до врвот. Печете околу 20 минути на 200 степени.