Чоколадото им дава шмек, а се меки како душа


Потребно е:

280 гр путер
280 гр шеќер
8 јајца
280 гр чоколадо
280 гр брашно
125 мл рум
350 гр шеќер во прав

Подготовка:

Во сад изматете ги јајцата, шеќерот и путерот. Чоколадото растопете го во тенџере на шпорет. Брашното просејте го, па наизменично со чоколадото додајте го во јајцата. Префрлете ја смесата во плех обложен со хартија за печење и рамномерно распоредете ја. Печете го колачот половина час, во рерна загреана на 180 степени. Одделно изматете го румот и шеќерот. Готовиот колач прелијте го со глазура со рум. Пријатно!

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: