Чувствувате болка и тежина во стомакот по јадењето? Ова се можеби причините за ваквата непријатна состојба

Болката во стомакот, односно желудникот, по јадењето може да биде силна и прилично иритантна. Ако болката исчезне по одредено време, причината веројатно е храна.
Од друга страна, доколку ваквите болки се јавуваат често и траат подолго време, а покрај нив чувствувате и други симптоми, тоа може да укаже дека зад сè се крие некоја медицинска состојба.
Стресот ги затегнува мускулите и создава болка или непријатност во стомакот. За да го избегнете ова, јадете полека и обидете се правилно да ја џвакате храната.
Алергиите на храна може да го иритираат стомакот и да предизвикаат болка. Причината може да биде различна храна, но тие обично се глутен, пченица и лактоза.


Гасовите во стомакот кои се задржуваат во дигестивниот тракт исто така можат да предизвикаат непријатност после јадење. Желудникот може да биде проширен поради храна, што предизвикува непријатност, а понекогаш и остра болка.
Лековите за крвен притисок понекогаш можат да предизвикаат болки во стомакот и констипација. Ако имате такви проблеми, консултирајте се со лекар.
Гастритисот може да доведе до воспаление на слузницата на желудникот. Покрај болката, лицето може да чувствува мачнина, да повраќа и да има дигестивни проблеми.
Болките во стомакот пропратени со повраќање, дијареја, замор и покачена телесна температура може да бидат резултат на труење со храна. Симптомите може да се појават неколку часа по оброкот, но може да траат и неколку дена.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.