Чувствувајте се самоуверено во бикини

Без разлика на тоа колку убаво изгледаат, многу жени ги обесхрабрува и самата помисла на носење костим за капење кој прикрива малку, а открива многу.
Доколку сте една од оние кои не обожаваат да седат по цел ден на плажа во костим за капење, еве неколку совети кои ќе ви бидат од голема помош.
Искористете го присуството на саканите
Кога сте во друштво на некој кој ви значи и му значите ќе уживате во времето поминато со него и нема воопшто ни да помислите како изгледате во бикини. Може ќе добиете дури и некој комплимент.
Игнорирајте ги луѓето околу вас
Луѓето имаат попаметна работна од тоа да се занимаваат со вашиот изглед. И тие се исто така загрижени за тоа како изгледаат на плажа.
Пазете на држењето
Било која облека, не само бикините може значително да го подобри или влоши вашиот изглед, односно вашето држење. Правилното држење може да направи да изгледате послаби, повисоки и да имате поголема самодоверба.
Опремете се
Модните додатоци се одличен начин за да го пренасочите вниманието од вашето тело доколку не се чувствувате удобно во него. Со вас на плажа земете голем шешир, големи очила за сонце и впечатлива облека или накит. На тој начин ќе покажете и дека имате стил и ќе најдете прибежиште во модните додатоци.
Купете ја вистинската величина
Една од најголемите грешки кои ги прават жените се бирање на помали или поголеми броеви на бикини. Помалиот број нема да ве направи посекси, а поголемиот само ќе привлече непосакувани и зачудени погледи. Никој не гледа кој број е вашето бикини, така да немојте воопшто да се грижите за неговиот број. Без разлика на тоа колку убаво изгледаат, многу жени ги обесхрабрува и самата помисла на носење костим за капење кој п

Пронајдете не на следниве мрежи: