Со 15 ресторани, 7 базени, затворен воден театар и најголемиот воден парк на море, „Icon of the Seas“ на компанијата „Royal Caribbean“ би требало да тргне на своето прво патување во јануари 2024 година.
Со максимален капацитет, овој крузерски џин може да угости 7600 патници.
„Од моментот кога патниците ќе стапнат на бродот, секое искуство е посебно осмислено за да го овозможи најдобриот одмор на копно и море. „Icon of the Seas“ го нуди најдобриот семеен одмор“, изјавил претседателот и извршен директор на групата „Royal Caribbean“, Џејсон Либерти.
Кога ќе биде довршен, крузерот со должина од 365 метри ќе има 20 палуби. Тој ќе плови во текот на целата година и ќе крстари по источните и западните Кариби од Мајами.
емиот воден парк на море. Помеѓу 6-те тобогани ќе се наоѓа и „Pressure Drop“, отворен тобоган за слободен пад како и „Frightening Bolt“, највисокиот тобоган на светот.
Патниците ќе уживаат во ресторани, кафулиња, барови и салони, како и купола сместена на врвот на крузерот која ќе нуди поглед кон океанот и водопадот. Куполата ќе служи како ресторан, но и како интерактивен театар. На располагање се 28 типови на соби, а најмногу ќе бидат ценети оние со најдобар поглед кон океанот.