Чудни забрани кои стапиле на сила: Во Канада нема свиркање, во Сингапур без мастики

„Сто луѓе – сто чуда“ – очигледно со оваа поговорка, се воделе законодавните власти при носењето на поедини правила, па со цел да предупредат одредено непосакувано однесување, во своите закони вовеле и правила кои денес нам ни делуваат многу необично.
Џвакање мастики во Сингапур


Гумата за џвакање е производ кој треба да го избегнувате доколку сте во оваа земја – отстапување од ова правило е никотинската мастика. Прописот кој забранува џвакање на мастики, воведен е со идејата да не се валкаат улиците дополнително со оваа леплива маса. Таму треба да заборавите на оваа навика – доколку џвакате за да го освежите вашиот здив, подобро е привремено да преминете на ментол бонбони.
Нема подигнување на стапалото од педалот
Доколку возите велосипед во Мексико, во текот на возењето забрането е да го тргнувате стапалото од педалата. Ова правило е воведено во законикот во далечната 1892 година.
Не одете на прошетка голи во Швајцарија
Иако нам ни е тешко да си замислиме да тргнеме на прошетка голи, и не ни е јасно зошто некој би направил такво нешто, сепак Швајцарците мислат на сè, па затоа во законот го вовеле и правилото со кое се забранува да се шетате голи, во случај ако некој дојде до таа идеја.


Хранење на гулабите во Венеција
Оној на кој ќе му падне на памет да ги храни птиците на тврдината на свети Марко во Венеција, му следи казна од 700 долари, па убаво би било доколку се воздржите од тоа, па и колкави љубители на животни да сте. Во образложението на градските власти, стои дека „гулабите потенцијално можат да го загрозат здравјето на човекот, како и да бидат штетни по спомениците.“
Свиркање во Канада
Градот Петролија во округот на Онтарио во Канада, со цел да ја сочува мирната атмосфера, поставило забрана да се прави врева со викање, свиркање или прегласно пеење во било кој дел од денот.
Високи потпетици во Грција


Доколку сте во посета на историските знаменитости, препораката е – никако на високи потпетици. Иако не ни е јасно зошто некој би пошол на високи потпетици по обиколење на рушевините, каде што теренот е секако не е рамен и незгоден, изгледа дека имало вакви случаи, со оглед на тоа што Грците морале да воведат вакво правило за да ги осигураат своите знаменитости од несакани оштетувања.
Во Германија не смеете а останете без бензин на автопат


Додека возите по германските улици, добро би било покрај на часовникот кој ја покажува брзината, да фрлите поглед и на стрелката која покажува уште колку бензин имате во резервоарот.
Мокрење во океанот во Португалија
Иако ова е тешко докажувачка работа и нема информација за тоа дали некој претхотно го “правел“ тоа и е казнет за истото, властите се обидуваат да ја осигураат чистотата со воведувањето на ваквото правило

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.