ЧУДОВИШТЕ ОД 7 МЕТРИ НАПАДНАЛО ЧОВЕК Змијата се обвила околу неговото тело, мештаните ја ИСЕКЛЕ НА ПАРЧИЊА, но залудно

Трагичната приказна се случила кон крајот на ноември на оддалечена плантажа во индонезискиот регион Источен Луву, објави „Дејли Стар“ .

Фармерот ја возел сопругата на мотоцикл, и додека ја преминувале обраснатата патека, налетале на огромен питон, кој барал плен.

Не издржа челичниот зафат

Нурдин (57) ја изгубил контролата врз двоколката, па тој и неговата сопруга завршиле на земја. Змија долга седум метри, го искористила моментот и нападнала!

Пред несреќниот човек да се среди, таа се завитка околу неговото тело и почна немилосрдно да го стиска.

Сопругата се обидела да го спаси Нурдин, но безуспешно. Во паника, таа истрчала во блиската куќа и повикала помош. Меѓутоа, кога пристигнале мештаните, било предоцна. Нурдин не можел да го издржи нападот на предаторот.

„Двојката се враќала дома од плантажа со пиперки. Змија ги нападнала по патот“, потврди бригадниот генерал Анди Мухамед Тауфик, претставник на полицијата во Источен Луву.

Змија убиена на лице место

Мештаните кои се обиделе да го спасат Нурдин ја исекоа змијата на парчиња.

„Човекот почина, а неговото тело беше однесено на погребната служба“, додаде Тауфик.

Мрежестиот питон ( Malayopython reticulatus ), една од најголемите змии во светот, често доаѓа во контакт со луѓето бидејќи ги населува шумите, мочуриштата, каналите, па дури и урбаните средини на Југоисточна Азија.

Неговата исхрана е разновидна – од птици и стаорци до мачки, кучиња, па дури и луѓе во ретки случаи.

Во Индонезија , каде што руралните површини сè повеќе се претвораат во земјоделски површини, средбите меѓу луѓето и овие моќни влекачи стануваат сè почести. Експертите предупредуваат дека зголемувањето на нападите од питони во последниве години е директна последица од зголемениот контакт на луѓето со дивите животни.
The post ЧУДОВИШТЕ ОД 7 МЕТРИ НАПАДНАЛО ЧОВЕК Змијата се обвила околу неговото тело, мештаните ја ИСЕКЛЕ НА ПАРЧИЊА, но залудно appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: