ЧУДОТО НА СВЕТИ СПИРИДОН ТРИМИТУНТСКИ, РАСКАЖАНО ОД ГОГОЉ

За време на својот престој во Општинскиот манастир, Николај Васиљевич Гогољ му раскажал на својот духовник отец Амвросиј за чудото на свети Спиридон, кое се случило пред неговите очи.

Тоа се случило за време на неговото поклонение на моштите на светиот угодник Божји Свети Спиридон Тримитунтски, чии мошти се наоѓаат на островот Крф.

ЧУДОТО НА СВЕТИ СПИРИДОН ТРИМИТУНТСКИ

Свети Спиридон бил пријател на светиот Николај Мирликијски Чудотворец.

Во свое време обајцата светители ја одбранија чистотата на Православната вера во борбата со ереста на свештеникот Ариј на Првиот Вселенски Собор во 325 година.

Моштите на свети Спиридон поседуваат единствени својства: не само што се нетрулежни во текот на вековите, туку ја сочувале и еластичноста и мекоста својствени на обичното, живо човечко тело.

Тој ден кога Гогољ дошол на поклонение на светителот кој се слави на 25 – ти декември по нов календар, со голема торжественост се правел опход со моштите околу градот.

Меѓу народот се наоѓал и еден англиски патник кој израснал на скептицизмот и рационализмот на протестантската култура.

Тој си дозволил себеси да даде примедба дека сигурно на грбот на светиот угодник Божји се направени резови и телото е внимателно балсамирано.

Потоа сосема се приближил до моштите на светителот, т.е светителот пред очите на сите … полека се издигнал од кивотот и го свртел грбот токму кон тој „идеен“ наследник на апостолот Тома, кој бил наречен „неверен“, и проговорил:

„АЈДЕ ПРИЈАТЕЛЕ, ПОБАРАЈ ГИ СВОИТЕ РЕЗОВИ!“

Каков е натамошниот тек на животот на тој почитуван Британец, за жал не е познато. Но, Гогољ пак, тоа чудо го потресло до дното на душата.

Кивотот со моштите на светителот сиот е накитн со дарови од оние на кои светителот им помогнал. Местото кадешто се наоѓа реликвијата е заклучено и чуварот го отвора само за православните поклоници, додека на римокатолиците им е дозволено само да го целиваат кивотот.

Писателот го опишува изгледот на светителот – светиот Спиридон – „Господи, за мене тоа беше најголем потрес во животот.

Преку стаклото сосема добро успеав да го распознаам лицето на светителот.

Неговите црти се сосема препознатливи, одлично зачуваната коса и белоснежните заби. Кожата е малку набрчкана и потемнета, но ја зачувала формата.

ТЕЛОТО НА СВЕТИ СПИРИДОН ИМА ПОСТОЈАНА ТЕМПЕРАТУРА ОД 36,6 степени.

Нему му раснат и нокти и коса. И што е најчудно – облеката која му е облечена се менува на секои шест месеци, затоа што ветвее како да не лежи во кивотот, туку постојано да оди.

Чуварот на кивотот кажуваше дека, се случува клучот да не може да ја отвори бравата на кивотот.

И тогаш свештениците знаат – светителот едноставно не е во кивотот, тој оди по островот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.