Чудо во Мјанмар: Извлечен маж од урнатините 100 часа после разорниот земјотрес

Еден човек е спасен од под урнатините на хотел во Најпидау, повеќе од 100 часа по разорниот земјотрес со јачина од 7,7 степени.

Преживеаниот лежел свесен под земја додека спасувачите го извлекуваа низ тесен отвор. Тој беше еден од двајцата заробени на долните два ката од хотелот Аје Чан Тар.

Земјотресот однесе најмалку 2.719 животи. Тоа е најсилниот земјотрес во Мјанмар во повеќе од еден век.

Пронајдете не на следниве мрежи: