Од пожарот станот е уништен, а на пеплосаниот ѕид недопрени останаа иконите на Јован Крстител, Исус Христос, Богородица и други…
Изгореа гредите, плафонот се сруши, изгорел целиот мебел како и целата покуќнина. Остана само пепел и прашина на сите страни, а недопрени од пожарот останаа само иконите на ѕидот.
Кога се вративме во станот, се беше во пепел, се околу нас беше црно, се изгорело освен иконите кои што останаа недопрени од пожарот. Како да немало воопшто и пожар во станот. Застанавме пред иконите се крстивме и единствено знаевме дека Бог не не напуштил и дека има надеж за нас, раскажал Душан Савиќ (59) од Сребреница.