Чудо: Родила близнаци од две матки

Британката Џенифер Ешвуд е вистинско медицинско чудо. Се родила со две матки и во двете останала бремена речиси во исто време.
Џенифер на 31-годишна возраст роди близнаци, ќеркичката Попи и синчето Пиран со царски рез, а бебињата беа извадени секое од посебна матка.


Бебињата се здрави и родени во 34 недела, а вакви случаи се можни еднаш во 500 милиони. Докторите во 20 недела на бременоста со ултразвук откриле дека Џенифер има две матки. Таа веќе има ќерка, 8-годишната Мили, но при првото раѓање никој не и кажал дека има две матки.
-Да се има две матки е ретко, а уште поретко е да се зачне во двете. Тоа навистина е чудо. Мислев дека добро си го познавам телото, но излезе дека не е така, изјави Џенифер по породувањето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.