Манчестер јунајтед рутински со 2-0 го победи Барнли и се пласира во четвртфиналето од англискиот Лига Куп, македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов влезе во текот на второто полувреме од мечот.
Дарко Чурлинов во игра влезе во 63. минута кога веќе беше поставен конечниот резултат. Македонскиот фудбалер имаше една одлична шанса да постигне гол, беше сам пред Дубравка, но биеше крај голот.
Резултатот беше отворен во 27. минута кога по асистенција од Ван Бисака, Ериксен постигна гол за водство на Јунајтед од 1-0.