ШАКИРА И НАПРАВИ ПЕКОЛ НА НОВАТА ДЕВОЈКА НА ПИКЕ: Не можела да сонува дека ќе и го загорчи ЖИВОТОТ ТОЛКУ! Побарала ПРОФЕСИОНАЛНА ПОМОШ

Девојката на Жерар Пике, Клара Чиа Марти, наводно морала да побара психолошка помош откако Шакира ја спомена во песна.

Шпанскиот новинар Саул Ортиз тврди дека Клара поради се побегнала кај родителите и сега работи од нивната куќа.

ШАКИРА И НАПРАВИ ПЕКОЛ НА НОВАТА ДЕВОЈКА НА ПИКЕ: Не можела да сонува дека ќе и го загорчи ЖИВОТОТ ТОЛКУ! Побарала ПРОФЕСИОНАЛНА ПОМОШ

„И требаше засолниште бидејќи нејзината психичка состојба не е добра. Не е лесно да се биде 23-годишна девојка за која зборува цела Шпанија и светот. Насекаде се зборува за тоа и и беше потребно да се дистанцира од тоа “, рече Ортиз.

„Ја застануваат на улица и и ја пеат песната на Шакира. Сите ја препознаваат, а таа е прилично срамежлива девојка“, пишува шпанска Марка.

Да потсетиме, Шакира во својата нова песна се фокусираше на поранешниот партнер Пике, а покрај Клара ја спомена и неговата мајка.

Пике беше мета на критики во јавноста и откако ја објави првата фотографија со Клара, бидејќи пред тоа се знаеше дека нивната романса започнала уште додека тој бил со Шакира.

Да потсетиме, Шакира и Пике беа во врска 12 години и заедно имаат два сина Милан и Саша, а парот никогаш не застана пред олтарот.

Набргу по нивното раскинување во јуни минатата година, се дозна дека фудбалерот се бакнува со младата студентка за односи со јавноста, Клара Чиа, која работи за неговата спортска и медиумска инвестициска групација Космос.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.