„Шамари во центар“ се бара затвор за Груевски и Јанакиески, додека се повлече обвинението против Рангелова

„Шамари во центар“ се бара затвор за Груевски и Јанакиески, додека се повлече обвинението против Рангелова.

Рангелова го повика на дуел Мицковски за да се расчистат обвинувањата пред македонската јавност.

Фатиме Фетаи го повлече обвинението против Рангелова во случајот „Шамари“. Од кривичен прогон како Рангелова се спасија уште двајца – Милан Андоновски и Борче Богдановски.

Рангелова веднаш по излегувањето од судницата му се обрати на Мицковски: Сега излегува спротивното од она што го тврдеше Мицкоски и компанија и сега можеме лично да се пресметаме на еден дуел!

Потоа обвинителката Фетаи побара максимални казни затвор за експремиерот Никола Груевски и поранешниот министер Миле Јанакиески, како поттикнувачите на насилните протести во Општина Центар летото во 2013 година. Максималната казна затвор може да биде 5 години за ова дело.

Јанакиески и уште пет обвинети својата одбрана ќе ја дадат во понеделник.

Во овој случај веќе има три пресуди. Осуден е Мирко Пецев кому му се судеше во одвоена постапка, како и двајца советници во Центар од ВМРО-ДПМНЕ во 2013 кои признаа вина и добија условни казни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.