Шампионката од Вимблдон првпат во финалето на АО!

Московјанката која настапува под казахстанско знаме, Јелена Рибакина, е првата финалистка на женскиот турнир на Австралијан опен. Во полуфиналето, утрово, 23-годишната Рибакина ја елиминира ветеранката Викторија Азаренка од Белорусија (7-6, 6-3).

Првиот сет беше вистинската приказна за овој дуел, бидејќи траеше еден час и две минути и понуди пресврти, возбудување и неисвесност. Рибакина почна подобро и направи брејк за да поведе со 5-3, меѓутоа шампионката од 2012 и 2013 година покажа истрајност и не само што успеа да се врати и да изедначи на 5-5, туку имаше и 0-40 во своја корист, во 11. гејм. Со сигурен сервис Рибакина се врати и го однесе мечот во тај-брејк, а таму славеше со 7-4.

Пронајдете не на следниве мрежи: