Шарапова ја мина Азаренка на ВТА листата

Завршувањето на Мастерс турнирот во Индијан Велс, донесе неколку промени меѓу најдобрите 10 тенисерки на ВТА листата.Марија Шарапова која ја освои титулата се искачи на второто место, прескокнувајќи ја Викторија Азаренка.Белорусинката, поради повреда го откажа полуфиналниот меч во Индијан Велс. Инаку прва на ВТА листата е Серена Вилијамс која има 370 поени повеќе од Шарапова, Азаренка е на третото место, додека Агњешка Ладванска и Ли На ги задржаа четвртата односно петтата позиција.Анжелик Кербер се наоѓа на шестото место, додека Сара Ерани на седмото место ја мина Петра Квитова.Една позиција напредуваше и Каролин Вознијаки, која играше во финалето во Индијан Велс, таа на деветото место ја мина Саманта Стосур, која како и Азаренка поради повреда не го одигра полуфиналниот меч во Индијан Велс.
МакфаксЗавршувањето на Мастерс турнирот во Индијан Велс, донесе неколку промени меѓу најдобрите 10 тенисерки на ВТА лис

Пронајдете не на следниве мрежи: