Во срцето на Бока, во подножјето на падините Ловќен, на дното на еден од 25 најубавите заливи во светот, се наоѓа Котор, град со богати културни традиции и еден од најдобро сочуваните средновековни урбани комплекси во овој дел од Медитеранот. Домаќините во ова, градче на црногорското приморје секогаш се спремни за летна сезона и со нетрпение очекуваат туристи.
Во древниот Котор се влегува како во бајка- низ главна Морска и Северна или Јужна градска врата. Сите имаат свои приказни за венецијански гувернери, турските адмирали, или невообичаени систем на трите порти. Сето ова сведочи за бурното минато на градот кој сега хармоничено и луксузно ги поврзува сите различни архитектонски влијанија, културни и историски белези.
Ако сето ова ви е малку интересно за истражувачко летување, вреди да знаете и дека Рисан – најстарата населба овде, датира уште од 3 век пне. Дефинитивно вреди да ги посети и малите, стари рибарски населби, во близина на античкиот Пераст, Ораховац, Mорив, Доброта…
За уште поактивен одмор, постојат и голем број на спортски клубови кои кудат забава на вода. Едриличарскиот клуб “Лахор” или нуркачкото здружение “Котор” кои имаат свои инструктори се секогаш достапни за посетителите.
Стариот град е приказна за себе. Ресторани и таверни, кои служат на риба која е штотуку извадена од морето е насекаде, а младите во Котор ќе може да најдат многу места за забава, со оглед на тоа дека клубови и барови овде се меѓу најдобрите на црногорскиот брег.
Исто така за оние кои се во потрага по забава, секоја година се организираат бројни карневали. Некои од нив се Камелија фестивалот во март, фестивалот на рибарски вечери како и риболов, меѓународниот хорски фестивал, и Бокејска ноќ.
Градот е еден од објектите на светското наследство на УНЕСКО. Помеѓу 1420 и 1797 Котор и околината биле под власт на Венецијанската република и од овие причини на овие простори се среќава и архитектурата од овие народи. Затоа ако некогаш се решите да го посетите ова место бидете сигурни дека ќе научите многу за историјата.
Во срцето на Бока, во подножјето на падините Ловќен, на дното на еден од 25 најубавите заливи во светот, се наоѓ