Шарм ел Шеик се уште шармира

На Синајскиот полуостров, 500 километри од Каиро се наоѓа прекрасното летувалиште наречено Шарм ел Шеик. Поволната клима и исклучителната географска положба направи Шарм ел Шеик  да прерасне во едно од најубавите и најпопуларните места не само во Египет, туку и во цел свет.

Мирно море, умерена клима, големи плажи, корални гребени и пребогат подземен свет, се само дел од убавините кои ги нуди. Брегот на Шарм Ел Шеик долг е 50 километри, а соединет е од петнаесет корални заливи од кои кај нас најпознат е Заливот на ајкулите и Набква, опкружени со бедуински населби, планини и пустина.
Заливот Нама е најпознат центар на Шарм Ел Шеик, каде по должината на шеталиштето се наоѓаат голем број на хотели, кафулиња, ресторани, продавници, кои се срцето на настаните и вечерните забави. Фасцинантните плажи и прекрасниот подводен свет го прават многу атрактивно место за туристите. Највисоката точка на планината Синај, Мојсеј гората, е оддалечена од Шарм ел Шеик 80 км.

Шарм ел Шеик е една од најпознатите дестинации за нуркање во светот, со подводниот свет кој има околу 1000 видови на риби и 250 видови на корали. Во Црвеното Море се наоѓаат  од најмали риби,  па се до големите риби. Речиси на секој чекор во овој живописен град се наоѓа „нуркачки центар“, каде можете да уплатите за  нуркање.

Сепак кога нуркате не е дозволено ништо да допирате, бидејќи постојат одредени видови на риби кои, ако ги вознемирите ве нападнат. Исто така во водата постојат и „огнени корали“ кои доколку се допрат можат да предизвикаат опасни изгореници на кожата, а и постои казна од 5000 долари ако истите се допрат или скинат.

Иако многупати беше дискутирано за безбедноста во ова место сепак ова место е се побезбедно и ви гарантирапрекрасен одмор. Има казина, дискотеки, ноќни барови, терени за голф, здравсетвени центри, центри за убавина и сл. 

 
Всушност кога се има така голем избор на активности, тргнувајќи од водни спортови , нуркање , сурфање, па се до испитување на она традиционалното како јавање коњ или камила, пустинско сафари, невозможно е некој турист да се досадува. Со ваква интересна забава  на крај нема да ви остане ништо друго освен да кажете “shukran” или фала Шарм! На Синајскиот полуостров, 500 километри од Каиро се наоѓа прекрасното летувалиште наречено Шарм ел Шеик. Поволната кли

Пронајдете не на следниве мрежи: