ШАЌИРИ ТИ СИ ОД СРБИЈА! Новинар ја шокираше публиката кога му го кажа ова на Швајцарецот од Гњилане

Интересната ситуација ја опиша „Мондо“, кој наведува дека новинар од Бангладеш зборувал за голем број швајцарски репрезентативци кои дошле во таа земја „однадвор“, па за Шаќири, кој е роден во Гњилане, потсетил дека тој „Доаѓа од Србија“.

ШАЌИРИ ТИ СИ ОД СРБИЈА! Новинар ја шокираше публиката кога му го кажа ова на Швајцарецот од Гњилане

Репрезентативецот на Швајцарија, Џердан Шаќири , на прес-конференцијата се соочи со необично прашање.

Еден од странските новинари „мртов ладен“ му порача на најважниот фудбалер на оваа земја дека доаѓа од Србија.

Интересната ситуација ја опиша „Мондо“, кој наведува дека новинар од Бангладеш зборувал за голем број швајцарски репрезентативци кои дошле во таа земја „однадвор“, па за Шаќири, кој е роден во Гњилане, потсетил дека тој „Доаѓа од Србија“.

Поранешниот играч на Ливерпул ја немаше реакцијата каква што многумина би очекувале со оглед на тоа како се однесуваше пред само четири години на Светското првенство во Русија.

Шаќири подоцна дури се фотографирал и со новинарот од Бангладеш кој појаснил дека немал намера да провоцира, туку само го интересира мислењето на голем број „странци“.

„Селекторот веќе кажа дека има многу имигранти во Швајцарија и дека имаме навистина различни националности, но играме за Швајцарија и сакаме да и дадеме се од себе на нашата земја. Секој натпревар за Швајцарија е посебен за мене и уживам во него. Убаво е да се видат толку многу наши навивачи, секогаш „Убаво е што земја со многу странци може да има успешна фудбалска репрезентација. Тоа не е нешто што го гледаш секој ден“, рече Шаќири.

Репрезентацијата на Швајцарија вчера го играше натпреварот од второто коло на Светското првенство против Бразил и загуби со 1:0.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.