Трите жени на г-дин Жанг од Кина со кои се оженил од 2015 до 2017 година, ги поставил во круг од еден километар така што тие не се познавале. Овој 36 годишен кинез кој се збогатил со продажба на недвижности, ги инвестираше своите пари за да ја подобри логистиката на својот троен брак, со купување на куќи на сите сопруги во истата област, за да не мора премногу да патува. Сите жени со кои се ожени г-дин Жанг од 2015 до 2017 година, ги сместил во круг од еден километар и тие не се познавале една со друга, а за целата операција му помогнала дупката во администрацијата.
Имено, излегува дека различните провинции не ја делат истата база на податоци, така што матичарите не биле запознаени со ситуацијата. Амбициозниот кинез имаше по едно дете во секој брак и се обидуше да потроши колку може повеќе време со нив, но тоа не беше лесно, дури и кога тие живееја во близина, бидејќи тој мораше да ги менува адресите и 10 пати неделно. Се идело како подмачкано бидејќи лесно заработувал за издржување на три семејства. Работата тргнала надолу кога на една од сопругите и станал сомнителен, па решила да го прати на неговиот ,,службен пат‘‘, кој бил во комшии.
После тоа следувал развод, а и другите две го тужеле, но и покрај тоа тие тврделе дека бил добар со нив. Процесот е при крај , а на Жанг му се суди за полигамија, тој тврди дека не знал дека е тоа забрането и верува дека на крај барем една од сопругите ќе остане со него.