Швајцарците денеска гласаа и за постепено зголемување на старосната граница за пензионирање, од 65 на 66 години, но тоа беше отфрлено на гласачките места
Швајцарците денеска на референдум се изјаснија за воведување на 13 пензија, покажуваат првичните проекции.
Поддржувачите овој потег го поздравија како „историски“, во време кога повозрасната популација во земјата се соочува со постојано зголемени трошоци за живот.
Анкетите покажуваат дека за дополнителната пензија гласале 58 отсто од гласачите, а против биле 42 отсто.
Мерката беше предложена од швајцарскиот Сојуз на синдикати и партиите од левиот центар, а сега и е потребна поддршка од мнозинството од 26-те швајцарски кантони за да биде усвоена.
Владата, трговските лобија и актуелниот парламент, што инклинира кон десно, го отфрлија предлогот, тврдејќи дека е финансиски неодржлив.
Швајцарците денеска гласаа и за постепено зголемување на старосната граница за пензионирање, од 65 на 66 години, но тоа беше отфрлено на гласачките места.