Шведска торта: Рецепт за највкусниот бел десерт

Иако на прв поглед изгледа комплицирано, вреди да ја направите оваа торта.
Шведска торта: Рецепт за највкусниот бел десерт
Потребни состојки:
100 грама листови од бадеми
200 гр мелени бадеми
4 јајца
220 гр шеќер
100 мл слатка павлака
250 гр путер
Начин на подготовка:


Загрејте ја рерната на температура од 180 Целзиусови степени. Ставете ги листовите од бадеми на хартија за печење и печете ги во рерна некое време, додека не поруменат.
Подготовка на филот:
Одделете ги жолчките од белките. Во мало тенџере ставете ги жолчките со 80 гр шеќер и 100 мл слатка павлака и загрејте ги на тивок оган, мешајќи постојано со жицата, додека смесата не почне да згуснува. Внимавајте да не зоврие!
Кога кремот ќе се згусне, изладете го ставајќи го тенџерето во поголемо тенџере што претходно ќе го наполните со ладна вода. Мешајте постојано со жицата додека филот не се излади.
Со миксер изматете ги путерот и изладениот крем. Ставете го филот во фрижидер.
Подготовка на кората:
Цврсто изматете ги белките и додајте 120 гр шеќер. Полека промешајте ги мелените бадеми.
Ставете хартија за печење на плех и формирајте правоаголник од тестото.
Печете ја кората на температура од 180 Целзиусови степени, не подолго од 15 минути.
Отстранете ја хартијата и оставете ја кората да се излади. Потоа, пресечете ја на два дела.
Премачкајте ја едната кора со една третина од филот, ставете ја другата кора и премачкајте ја целата торта со остатокот од филот.
Одозгора посипете ги сите листови од бадеми.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.