Швеѓаните со поделени мислења околу членството на нивната земја во НАТО

Луѓето во Стокхолм со различни реакции по одлуката на Унгарија да ја тргне и последната рампа пред ратификацијата на членството на Шведска во НАТО Алијансата, ставајќи крај на повеќе од 18 месеци одложувања што ја фрустрираа Алијансата на патот кон нејзино проширување како одговор на руската војна во Украина.

Некои беа задоволни, други претпазливи од членството, едни велат дека не се сигурни дали сакаат нивната земја да ја видат како дел од одбрамбениот сојуз стравувајќи од ефектот на ваквата одлука бидејќи до сега земјата водеше политика на неутралност.

За други веста дека повеќе нема пречки на патот кон членство е добра вест бидејќи како што истакнуваат ја чувствуваат заканата која „им тропа на врата“ од истокот.

Шведска остана надвор од воените сојузи повеќе од 200 години и долго ја отфрлаше можноста да бара членство во НАТО. Но притисокот кој се создаде со руската инвазија врз Украина ја натера земјата да размислува како даја одбрани својата граница од евентуално проширување на војната.

Пронајдете не на следниве мрежи: