Шеесеткатници спроти Холидеј Ин нема да има! – дециден е на својот ФБ профил градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ.
Тој тврди дек за ова место досега никој не поднел барање за одобрение за градба.
,,Нашата борба, мојата борба е да заштитиме што е можно повеќе слободни површини, да не дозволуваме градби такви какви што биле, онаму каде што имаме можност.
На ова место, со носењето на ДУП-от во 2007-ма година се планирани стокатници, а со донесениот ДУП од 2012-та се вцртани шеесеткатници.
Се залагам и ќе се залагам за позитивен, рамномерен и умерен развој на Центар, но не и за масовни зданија, особено не вакви габаритни градби. Граѓаните и медиумите ќе бидат информирани во текот на целата постапка и сите засегнати ќе можат да бидат дел од јавната расправа за ДУП-овите“- пишува тој.