Шеснаесетгодишник и бебе со морбили на апарати за дишење

Шеснаесетгодишно момче со церебрална парализа се бори за живот на Kлиниката за инфективни болести и фебрилни состојби заради сериозни компликации од морбили. Сместено е на одделот за интензивно лекување и е приклучено на апарати за дишење. Во тешка состојба и на механичка вентилација е и 11 месечно бебе со морбили хоспитализирано на Клиниката за детски болести. За да имаат простор за хоспитализација на потешки случаи со заразната болест, од Детската клиника бебињата кои се со лесна клиничка слика ќе ги препраќаат во Детската болница Козле, каде веќе имаат случаи со мали сипаници, пренесе ТВ “Сител“.
-Имаме три дечиња од 6 месечна до двегодишна возсрат кои се со морбили. Кај двете деца е докажана заразата, а третото е суспектно. Но ние имаме протокол во установата кој стриктно го почитуваме за оваа цел. Заболени од персоналот немаме, сите се вакцинирани. За да се спречи понатамошно ширење дадени се сите препораки за намалување на бројот на заразени од соодветните комисии, вели др. Ангелчо Андоновски, директор на болница за белодробни заболувања кај деца во Козле.
По прогласувањето на епидемија во целата држава, во многу болници и клиники вработените задолжително ги проверуваат вакциналните картони и тие кои не се заштитени од мали сипаници мора да бидат вакцинирани. Иста наредба има и за негувателиките и воспитувачките во градинките кои најдоцна до среда мора да го проверат својот вакцинален статус.
Во понеделниик почнува и теренската вакцинација низ училиштата, каде со вакцината против МРП ќе бидат вакцинирани сите ученици кои не се вакцинирани, секако со согласност од родителите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.